Во село Орешани пронајдени се оружја
При претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лице во село Орешани, вчера полицијата пронашла и одзела една пушка и 15 парчиња муниција. Како што денеска соопштија од МВР, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишиле од слобода З.Г.(58) во село Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, се појаснува во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…
Путин: Ќе одговориме реципрочно на распоредувањето на…
Русија ќе смета дека е ослободена од…
Си-Ен-Ен: На Трамп било пукано од три…
Според наодите од аудио вештачењето, за време…
Путин не ја исклучува можноста да испорача…
Русија го задржува правото да испорачува оружје…
Скопјанец со оружје ограбил банка: Се бара…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…