Во Словенија граѓаните се организираат за еднонеделен бојкот на маркетите

Во Словенија во тек е бојкот на купувањето во одредени трговски центри и супермаркети, пренесува „ТРТ Балкан“.
Како што е наведено, бојкотот ќе трае до 2 февруари, по што се повикуваат граѓаните да продолжат со бојкот на другите трговски ланци од 3 до 9 февруари.
Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска од минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени фактури е намален за цели 53 отсто.
„Бојкотите се легитимен и гласен израз на незадоволство. Бојкотот може да испрати силна порака до трговците на мало за важноста на достапноста и правичните цени“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија (ЗПС).
Тие нагласија дека „секако е правилно потрошувачите да го изразат своето незадоволство на соодветен начин“.
„На крајот на краиштата, тие имаат моќ да одлучат на кого и на што ќе ги трошат своите пари“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија.
Според податоците на Заводот за статистика на Република Словенија (Сурс), храната сега чини во просек 44 отсто повеќе отколку пред десет години. Растот на цените е нешто забавен во последната година.
„Цените на храната во 2024 година во Словенија пораснаа за два отсто во однос на 2023 година и треба да се нагласи дека овие цени ги споредивме со цените од кошницата кои беа драстично пониски“, рече претседателката на Стопанската комора на Словенија, Марича Лах.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенија стравува од поплави и одрони по…
Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…
Дете удри во дрво и загина на…
Дете трагично го загуби животот денеска на…
Словенечките војници „извојуваа“ да им се плаќа…
По неколкугодишни напори, вработените во словенечката армија…
Трговците на големо и мало бараат средба…
Стопанската комора на трговци на големо и…
Над 150 професори од Словенија ги поддржаа…
Околу 150 членови на словенечката академска заедница…