Во Собранието денеска продолженија на четири седници

Во рамки на денешните пленарни седници Собранието треба да одржи продолженија на 64., 39., 71. и 69. Во законодавниот дом најавено е седница за Комисија за труд и социјална политика.
Пратениците вчера на 64. седница расправаа за Предлог измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој, а дебатата треба да продолжи денеска.
На 64. пленарна седница останати за разгледување, се и предлог законите за дополнување на Законот за Јавното обвинителство и на Законот за Советот на јавните обвинители, како и Предлог-декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Во рамки на 39. седница законодавниот дом треба да одлучува за Предлог законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка.
На 71. седница треба да се одлучува за одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА”, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA” во Централноафриканската Република.
За расправа на 69. седница, се предлог законите за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан; предлог законите за изменување на Законот за заштита на децата, Законот за поштенски услуги, Законот за здравствена заштита…
На дневен ред, исто така, на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Собранието цела недела на ормор, ти народе…
Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…
Се одржува седница на Собранието на град…
Бурно во црногорскиот парламент: Опозицијата ја блокира…
Вонредната седница на Парламентот на Црна Гора,…
10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…
Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…
(Цел список на трошаџиите) А да го…
Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар…