Во Струмица стапуваат во сила препораките поради зголеменото аерозагадување

t

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година).

Концентрациите на 6 и 7 јануари 2025 година изнесуваат 175 микрограми на метар кубен и 191 микрограми на метар кубен, што го надминува дозволеното ниво од 150 микрограми на метар кубен за два последователни денови.

СОГЛАСНО НАСТАНАТАТА СОСТОЈБА, ЗА СТРУМИЦА ВАЖАТ СЛЕДНИТЕ МЕРКИ:

-Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А-Интегрирана еколошка дозвола

-Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б-Интегрирани еколошки дозволи и Елаборати

-Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци

-Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила

-Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата

-Забрана на горење на отворено

-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар

-Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот

-Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…

И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…

Земјотрес во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките…

Црни знамиња во Струмица! „Бог да ви…

Зацрне Струмица, поцрна е од темнината на…

(Фото) Илјадници луѓе се собраа на мирен…

Илјадници луѓе се собраа на мирен протест…

(Фото) Струмичани палат свеќи за починатиот музичар…

Струмичани палат свеќи за загинатите во страотниот…