Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

t

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување на валута, пренесува Еуроњуз .

-Македонскиот државјанин Н.С. (36) е уапсен од полицијата во Тирана, во рамки на операцијата со кодно име „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, објави полицијата.

Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „Кражба“.

„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор, за кривично дело „фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Северна Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со…

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски…

Лекар од Македонија прегази куче во Софија,…

Македонец, лекар на Воено медицинската академија во…

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени…

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот…

Српски медиуми: Во станот во кој загина…

Македонецот Мартин Сипковски (21)  кој загина од експлозија…

Пронајдено тело на Македонец во Љубљана!

Пронајденото безживотно тело, пријавено во петокот во…