Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница
Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување на валута, пренесува Еуроњуз .
-Македонскиот државјанин Н.С. (36) е уапсен од полицијата во Тирана, во рамки на операцијата со кодно име „Операција 73“, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, објави полицијата.
Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „Кражба“.
„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор, за кривично дело „фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение.
Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Северна Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тирана реагира зошто не се интонирала и…
Министерството за Европа и надворешни работи на…
Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…
Уапсен е македонски државјанин во Србија кој…
Возачот на брзата помош (роден 1985 година),…
Две лица барани од Интерпол за убиство…
Албанската полиција го објави завршувањето на меѓународната…
250.000 демонстранти на најмасовниот протест против “Зврнец”…
Во Тирана синоќа одржан е 21. протест…