Во Франција е приведен основачот на Телеграм, Павел Дуров!
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е приведен вечерва на аеродромот Бурж во предградието на Париз, јавува францускиот канал TF1.
Дуров бил уапсен откако со приватен авион слетал на аеродромот од Азербејџан. Тој беше придружуван од неговиот телохранител и неговата сопруга.
Француските правосудни органи сметаат дека поради недоволната соработка со истражните органи и алатките кои ги нуди платформата Телеграм, Дуров е одговорен за повеќе кривични дела.
Дуров, кој има руско и француско државјанство, вечерва треба да се појави пред истражен судија, а веќе утре, според француските медиуми, може да биде обвинет за низа дела како тероризам, дрога, перење пари, измама, шверц .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Франција е приведен основачот на Телеграм,…
Основачот на Телеграм, Павел Дуров е приведен…
Фајненшл Тајмс: На Телеграм се шират доверливи…
Документите на Пентагон, што припадникот на Националната…
Телеграм официјално добива и претплата
Откако основачот на Telegram, Павел Дуров, го…
(Видео) Руските специјалци “спакуваа” администратор на Телеграм…
ФСБ уапси „анонимен“ администратор на канал на…
Јавна соба повторно на Телеграм!
Во нова група на апликацијата Телеграм, повторно…