Сопственикот на Телеграм, Дуров, номиниран за Нобелова награда?
Основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој е во притвор во Франција, е номиниран за Нобеловата награда, објави ректорот на Евроазискиот меѓународен универзитет, Константин Клименко, истакнувајќи дека го поканил бизнисменот да учествува на почетниот форум на БРИКС во Дубаи.
„Јас лично го сметам Павел Дуров за исклучителна личност. Тој е лидер во ерата на новите дигитални технологии. Според мене, Дуров ја заслужува Нобеловата награда. Затоа, испратив официјален предлог до Нобеловиот комитет за доделување на Нобеловата награда на Павло Дуров. „Согласно прописите на Нобеловиот комитет имам право да предложам кандидат за наградата за мир“, вели Клименко во изјавата на Евроазискиот меѓународен универзитет, а пренесува порталот „Ура.ру“.
Тој посочи дека апелот го поддржале бројни јавни организации и универзитети во Африка и Азија.
Покрај тоа, Павел Дуров беше поканет да биде почесен гостин и говорник на форумот на БРИКС. Клименко истакна дека претприемачот, доколку не биде ослободен од затвор во Франција, ќе има можност да учествува на форумот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија го бара основачот на Телеграм со…
Коосновачот на Телеграм, Павел Дуров, е обвинет…
Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на…
Интервентниот кардиолог, универзитетски професор и алпинист Сашко…
14-годишен велешанец пронашол 46.000 денари и ги…
Четиринаесетгодишниот Илија Гигов од Велес деновиве стана…
Евгениј Поп Ацев ја доби наградата „13…
Македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев е…
Тошковски ќе го награди полицискиот службеник кој…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по…