Во Хаг продолжува судењето на командантите на УЧК
Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, јавува Теве 1.
Судењето започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ.
Ледвиџ вчера одговараше на прашањата на бранителот на Тачи, адвокатот Грегори Кихо.На рочиштето, одбраната се спротивстави на белешките на Специјализираното обвинителство дека немаат доволно време да се подготват.
Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таравари горд што успеале да го ослободат…
Министерот за здравство Арбен Таравари го поздрави…
Хајзири кој уби српски полицаец во Лозница…
Албанецот Фатон Хајризи пукал во српската полиција…
(Видео) Апасиев: Ај направете војна да ве…
- Албанската полиитчка елита во Македонија е…
Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој
„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое…
(Видео) Петровски: Охридскиот рамковен договор треба да…
Охридскиот рамковен договор требаше да се вика…