Објавено на:

Во Хаг продолжува судењето на командантите на УЧК

t

Во Хаг денеска продолжува судењето на поранешните команданти на ОВК Хашим Тачи, Реџеп Селими, Јакуп Красниќи и Кадри Весели, јавува Теве 1.
Судењето започна во 9 часот, додека вчера беше сослушан 14-от сведок во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК, британскиот разузнавач кој служел на Косово, Френсис Ледвиџ.

Ледвиџ вчера одговараше на прашањата на бранителот на Тачи, адвокатот Грегори Кихо.На рочиштето, одбраната се спротивстави на белешките на Специјализираното обвинителство дека немаат доволно време да се подготват.

Судењето на поранешните водачи на ОВК започна на 3 април, а Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, се изјаснија дека не се виновни по ниту едно од обвиненијата. Тие се во притвор во Хаг од ноември 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…

Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…

Ахмети: Денешниот протест не е против Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот…

(Видео) Скандалозно скандирање на протестот на УЧК…

Денеска на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, се…

Протест во поддршка на поранешните лидери на…

Денес во Стразбур се одржа протест во…

Навивачи скандираа „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт…

Голем број албански навивачи се собраа во…