Во Церје, Македонците од Мала Преспа, го одбележаа празникот Голема Богородица

t

Според традицијата негувана со векови, во селото Церје, Македонците од Мала Преспа, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква.

Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем
празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Мала Преспа.

По богослужбата што во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ја одржа отец Ропи Арѓири, одбележувањето продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор.

-Поради лошите, речиси никакви услови за живот, повеќето од некогашните жители на селото се иселивме во други градови во Албанија, пред сè во Корча, како и во Македонија и Грција, но секогаш за овој празник сме тука, да се сретнеме, да се видиме и да се потсетиме на спомените од времето кога селото беше преполно од народ. Секоја година доаѓаме за прослава на овој голем ден кој е селска слава, велат жителите кои живеат надвор од него.
Присутните во овој божји храм, кој датира од 1012 година, запалија свеќи и посакаа здравје, среќа и бериќет, а од Мајката Божја „да ги чува и штити од секакво зло Македонците каде и да се“.

Празникот Успение на Пресвета Богородица, голем број македонски семејства во Албанија го одбележуваат како домашна слава. Честитки по повод Денот, до сите Македонци каде и да се упатија градоначалнкот на општина Пустец, Пали Колефски, единствената македонска партијата во Албанија, МАЕИ, како и МД„Илинден“-Тирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Стерјовски од Корча: Овде сме да го…

На денешниот состанок организиран од страна на…

Претставници на СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ЗНАМ и…

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како…

Македонците од Албанија бараат да се формираат…

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана бара создавање…

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…