Во Чаир и Битпазар приведени дилери и крадец
МВР ноќеска на подрачјето на Бит Пазар приведе двајца дилери, а вчера, на подрачјето на Чаир лиши од слобода и едно лице за извршена тешка кражба.
Кај дилерите А.Ц.(28) и А.А.(31), двајцата од Скопје, биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок.
А.Ѓ. (21), пак, од Скопје, е крадецот кој извршил тешка кражба во продавница лоцирана на улицата „Хаџи Јованов Шишко“ на 1 јануари годинава.
Како што соопшти МВР, во службен разговор со полицијата А.Ѓ. рекол дека кривичното дело го извршил заедно со Л.М.(19) од Скопје кој живеел во Велес и дека одземените предмети ги продал на Ѓ.Ј.(34) од Скопје. Извршен е службен разговор и со Ѓ.Ј. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…