Во Љубљана се разговараше за важноста на евроинтеграцијата на Украина
За Украина, добивањето кандидатски статус во ЕУ би било значајна победа против рускиот претседател Владимир Путин и доказ за обединетата поддршка на земјите-членки.
Заменик-претседателката на украинскиот парламент Олена Кондратјук во вторник е во посета на Љубљана, каде што разговараше со министерката за надворешни работи Тања Фајон за важноста на европската перспектива за земјата и се заблагодари на земјата домаќин за поддршката за време на руската агресија.
За Украина, добивањето кандидатски статус во ЕУ би било значајна победа против рускиот претседател Владимир Путин и доказ за обединетата поддршка на земјите-членки, рече Кондратјук по разговорот со словенечката министерка за надворешни работи Фајон.
Кондратјук рече дека Украина има „свој пат“ кон Европската унија и дека е свесна дека патот до членството е долг и бара напорна работа, истовремено поддржувајќи го проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, бидејќи секое проширување е важно.
„Но, Украина е подготвена, пополнивме два прашалници од Европската комисија, која е задоволна од одговорите. Можам да кажам дека Украина исполнила 65 отсто од барањата за кандидатски статус“, рече украинскиот функционер, заблагодарувајќи се на Словенија за хуманитарните и друга помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Првите Ф-16 пристигнаа во Украина
Првата серија американски ловци Ф-16 пристигна во…
Украинската амбасадорка се заблагодари за украинските граѓани…
Денеска во Министерството за внатрешни работи се…
(Видео) Нов украински напад на руска територија,…
Нападот со беспилотни летала изведен во текот…