Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени 80 куршуми

Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо Мартиновиќ од Цетиње, откако вчера беше прогласен за мртов осомничениот за убиството на 12 сограѓани и ранувањето на други четворица. Покрај муницијата пронајдена во неговите џебови, во шаржерот на неговиот пиштол биле пронајдени уште неколку куршуми калибар 9 милиметри, неофицијално дознава „Вијести“.
Четириесет и петгодишниот маж бил повреден синоќа во близина на неговата семејна куќа во градот, а починал на пат кон болницата „Данило Први“ во Цетиње.
Мартиновиќ вчера нешто по 17 часот и 30 минути уби четири лица во кафулето „Велестово“, во близина на Спортскиот центар.
Потоа убил уште четири лица и ранил едно лице во Бајице, а потоа убил две деца во населбата Хумца, а потоа ја убил својата сестра и уште едно лице во Доњи Крај.
Меѓу убиените има три жени и две момчиња, двајца браќа на возраст од 10 и 13 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Абазовиќ за Мартиновиќ: Убиецот се измешал со…
Во масовното злосторство во Цетиње на 1…
„Се спремавме за нејзиниот прв роденден, но…
Во масакрот на Цетиње, во кој избезумениот…
Во џебовите на убиецот од Цетиње пронајдени…
Осумдесет куршуми се пронајдени во џебовите на Ацо…
Пријател на еден од убиените близнаци во…
Во новогодишниот масакр во Цетиње кој ја…