Во 2022 година во земјава имало 116.045 невработени лица

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со регионалната директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Клер Харасти ја отворија конференцијата „ Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.

„Недостигот на работна сила е предизвик на модерното време и се должи на повеќе фактори, како што се демографските транзиции, воведувањето нови технологии, како и работните услови. Сведоци сме дека во сѐ повеќе земји, особено во Европа, работодавачите пријавуваат проблеми со наоѓање и задржување на работната сила“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека нашата држава не е заобиколена од овој глобален тренд и посочи дека од една страна државата се соочува со невработеност и неактивност на населението и додека од друга страна секојдневно се огласуваат испразнети работни позиции.

„Податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година покажуваат дека работната сила на Република Македонија брои 808.078 лица , од кои 692.034 се вработени и 116.045 се невработени. Во 2022 година стапката на вработеност (15-64) изнесува 56,7 проценти, што сè уште е далеку под просекот во ЕУ, 69,8 проценти. Јазот во вработеноста меѓу мажите и жените изнесува 18,4 процентни поени, и е речиси двојно поголем од оној во ЕУ. Стапката на вработеност на младите луѓе (15-29) изнесува 34%, што е многу под стапката во ЕУ од 49,2%“ објасни Тренчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…