Вработените во ГОБ “8 Септември” утре на протест поради неисплатената плата

Утре вработените од здравствената установа ГОБ „8 Септември“ ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата.
Оттаму најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пауза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.
Тие ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.
ФЗО претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.
Револт предизвикаа проблемите кај здравствените работници, кои преку синдикатите порачаа дека ако до утре не земат плата, ќе преземат други чекори за да си ги добијат парите.
Димитар Ковачевски изјави дека решение е најдено и повика на трпение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…
(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…
Секој втор кочанчанец во текот на 2023…
Септемвриската пензија ќе биде зголемена само за…
Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе…
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…