Вработените во ГОБ “8 Септември” утре на протест поради неисплатената плата

t

Утре вработените од здравствената установа ГОБ „8 Септември“ ќе протестираат пред влезот на болницата поради неисплатената плата.

Оттаму најавија дека протестот ќе се случува од 13 до 13.30 часот, за време на законската пауза што нема да го наруши работниот процес во здравствената установа.

Тие ги повикуваат нивните колеги да се приклучат кон мирниот протест и да го изразат своето незадоволство.

ФЗО претходно соопшти дека најдоцна до понеделник ја очекува потребната документација за исплата на плати од сите јавни здравствени установи, по сајбер-нападот на системот за работа во оваа институција од почетокот на минатата недела.

Револт предизвикаа проблемите кај здравствените работници, кои преку синдикатите порачаа дека ако до утре не земат плата, ќе преземат други чекори за да си ги добијат парите.

Димитар Ковачевски изјави дека решение е најдено и повика на трпение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Град Скопје не успеа да го…

Екипите на Град Скопје не успеаја во…

Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…

Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

ССМ повикува на масовен протест на 1…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…