Вработените во култура денеска повторно бараат соочување со министерката

t

Од Синдикатот на културата на Република Македонија денеска во 13 часот повоторно ќе излезат на протест. Причина ветената покачена плата, која всушност не ја добија никаква за месец март.

– На 1ви Април, министерката за култура на прес изјави дека, платите во културата ќе бидат усогласени согласно колективните договори. Истата вест ја потврди на 3 ти април на нејзината официјална фб страна: “Сѐ е јасно во Решението за плата, платите на културните работници ќе се покачат за нови 12 проценти. Кратење плати во културата нема. Сите претходни стекнати права продолжуваат да важат, платите во март повторно се покачуваат”. Денес сме сведоци на нешто друго, велат од Синдикатот.

Оттаму ја повикаа министерката за култура денес до 13 часот да се одважи пред нејзинините вработени и да докаже:

-дека нејзините изјави не беа првоаприлска шега

-дека 18 дена не им даваше лажна надеж на културните работници, со цел денес да ги стави пред свршен чин, односно да прифатат се, само за да добијат плата и здраствено осигурување за да можат да преживеат

-да признае дека Министерството за култура е тоа кое го креира сопствениот буџет и дека ова усогласување со минималната плата е нивен пропуст, кој сега се удира по грбот на вработените

– да најде начин да го спроведе, тоа што го вети на своите вработени, се наведува во соопштението од Синдикатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за обидот за убиство на вработена…

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за…

Сахарска прашина доаѓа во Македонија

Во делови на Европа стигнува прашина од…

ТВ21: Приведени Ејуп Рустеми и уште три…

Министерството за внатрешни работи досега уапси неколку…

Истрага за злоупотреби при јавна набавка во…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…

Португалската полиција заплени речиси 6,5 тони кокаин…