Вработени во Министерството за одбрана барале поткуп за да влијаат на конкурс за прием на офицери- Фатени при предавање на средствата
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот.
Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Триесетгодишен маж од Тетово обвинет за силување
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти дека донело…
Левица: Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ…
Касами заедно со коалициското трио ВЛЕН-ДПМНЕ-ЗНАМ промивира…
Се пренасочува сообраќајот на патот Тетово –…
АМСМ информира дека регионалниот пат Тетово –…
Паднати бандери и дрвја, поплавени куќи и…
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во…
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
На 22.06.2024, полициски службеници од Отсекот за…