Вработени на Онкологија осомничени за кражба и примање поткуп
Против повеќе лица вработени на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија се покренати истражни постапки за кражба и поткуп за примање терапија, потврдиле од ОЈО за „Фокус“.
„Во Основното јавно обвинителство Скопје има предмети кои се однесуваат на конкретни лица осомничени за кражба и поткуп за примање терапија на Клиниката за онкологија. Еден од тие предмети е во судска постапка по поднесено обвинение, а по останатите се постапува.
Јавното обвинителство ги анализира извештаите на Државниот завод за ревизија, но и написите на медиумите на оваа тема. Доколку притоа се констатираат елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи и ќе ги испита наводите“, се наведува во одговорот од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ОЈО ќе организира средба со родителите на…
Откако за време на вчерашниот протест во…
„Ви укажавме кои се, а не сте…
Ние тука родителите не сме правници, соопштението…
Не ги убивајте нашите деца уште еднаш…
Јавен повик од семејствата на загинатите во…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…