Вработени од ЕЦБ ја тужат Банката поради малото зголемување на платите

t

Вработените во Европската централна банка поднесоа жалба до судот на ЕУ бидејќи платите им биле зголемени помалку од растот  инфлација, иако институцијата предупредува дека зголемувањето на платите во еврозоната би можело да поттикне раст на цените.

Жалбата поднесена до Генералниот суд на ЕУ од околу 40 вработени во ЕЦБ, поддржани од нивниот синдикат ИПСО, се обидува да ја поништи одлуката на централната банка да одобри пораст на платите од 4,07 отсто во јануари, јавија германски медиуми.

Во тоа време, инфлацијата во еврозоната беше речиси двојно поголема од таа бројка.

Спорот за платите меѓу ЕЦБ и нејзините неколку илјади вработени тлее повеќе од една година, а нивниот синдикат дури се закани и со штрајк.

Апелот на персоналот се однесува на формулата што ЕЦБ со седиште во Франкфурт ја користи за пресметување на зголемувањата на платите. Во своите пресметки, ЕЦБ ги разгледува зголемувањата на платите во повеќе од 20 централни банки и институции во Европа.

Списокот ја вклучува Банката за меѓународни порамнувања во Базел, која плаќа персонал во швајцарски франци,  валута што значително зајакна во однос на еврото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…

Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…

Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…