Вратени девет, а примени и четири нови членови на Алијанса на Албанците во болницата во Прилеп, се пофали претседател на огранок на Таравари

Претседателот на партискиот огранок на Алијанса на Албанците во општина Долнени, Ерол Абдиу, се пофали дека деветмина од луѓето на кои им завршија договорите во прилепската болница, од денеска се враќаат на работа, а со нив доаѓаат уште четворица нови.
-Враќање на правдата за вработените во Болницата во Прилеп. Како Претседател на Огранокот на Алијансата за Албанците во Долнени, сакам да споделам важна вест. Како што ветив, утре на своите работни места се враќаат 9 вработени во Болницата во Прилеп, на кои им беше прекинат договорот. Исто така, утре со работа започнуваат и 4 нови вработени. Нема да застанеме тука! Тие што со години се потсмеваа на граѓаните и манипулираа со населението, денес јасно ја гледаат разликата. Ние работиме со посветеност и одговорност, а не со измами и политички игри.
Овој резултат немаше да биде можен без мојата заложба и без силната поддршка од нашиот лидер, Д-р Арбен Таравари. Правдата и достоинството на работниците секогаш ќе бидат наш приоритет. Продолжуваме уште посилно – напиша Абдиу на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вратени девет, а примени и четири нови…
Претседателот на партискиот огранок на Алијанса на…
Полицаец нападнат пред ноќен клуб во Прилеп
СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.В.(39)…
СДСМ: Градинка во Прилеп 40 месеци чека…
„Градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата…
Прилепчанка заврши со тешки повpeди откако во…
-На 28.01.2025 во 13.10 часот во ОВР…
Прилепчанец останал без 3.000 евра, се излажал…
61-годишен прилепчанец бил измамен за сума од…