Врвот на Ајфеловата кула затворен поради топлотниот бран
Врвот на Ајфеловата кула е затворен за посетители поради екстремно високите температури што ја зафатија Франција, како и остатокот од Европа, објави денес Политико.
„Поради моменталниот топлотен бран, Ајфеловата кула презема мерки за да обезбеди удобност и безбедност на нашите посетители и персонал“, се вели во соопштението на веб-страницата на оваа париска атракција, во кое се додава дека врвот на кулата ќе биде затворен во текот на денешниот и утрешниот ден.
Во исто време, првото и второто ниво на кулата ќе останат отворени, но властите ги поканија посетителите кои немаат однапред резервирани билети да ја одложат својата посета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врвот на Ајфеловата кула затворен поради топлотниот…
Врвот на Ајфеловата кула е затворен за…
Во Париз се одржаа демонстрации за правата…
Неколку илјади луѓе се собраа денеска на…
Мицкоски го виде Џеј Ди Венс само…
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, имаше кратка…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Унгарската амбасада во Париз добила закана за…
Персоналот на унгарската амбасада во Париз добил…