Вреди подготвува закон за поранешните припадници на ОНА, очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

Вреди подготвува закон за статусот на поранешните припадници на ОНА, открива пратеникот Ријад Шаќири. Тој не прецизира кога предлог-законот ќе влезе во собраниска процедура, но разговор за “Слободен печат“ вели дека за тоа прво треба да дадат виза лидерите на Вреди, кои за законското решение ќе побараат поддршка и од владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. За еднакви права на експрипадниците на ОНА со тие на бранителите, според Шаќири неформално владините партнери не биле против, со задршка дека за закон со кој ќе бидат опфатени и бранителите и поранешните припадници на ОНА треба да се создаде клима во општеството.
– Го подготвувам законот со кој поранешните припадници на ОНА и нивните семејства треба да имаат исти права како бранителите. Веќе има драфт-верзија на законот на која работи пратеничката група на Вреди. Во неформални разговори со колегите од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ велат дека ова прашање треба да се реши, но дека за тоа во општеството треба да се создаде клима. Добро би било да се направи сеопфатен закон којшто ќе ги опфати оштетените бранители и припадници на ОНА – вели Шаќири.
Целиот текст на следниот ЛИНК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН се пофали дека за прв пат…
„Нонграта од ДУИ почна да спие подлабоко,…
ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговарале за промена на…
Владеачките ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН разговарале за евентуална…
„Вреди“: Ги зголемуваме платите во здравството, услугите…
„Коалицијата „Вреди“ како надеж за нови можности…
Вреди подготвува закон за поранешните припадници на…
Вреди подготвува закон за статусот на поранешните…
Европскиот фронт и ВЛЕН ја бранат Илире…
Пратениците од Европскиот фронт ја бранат пратеничката…