Вреди подготвува закон за поранешните припадници на ОНА, очекува поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ

t

Вреди подготвува закон за статусот на поранешните припадници на ОНА, открива пратеникот Ријад Шаќири. Тој не прецизира кога предлог-законот ќе влезе во собраниска процедура, но разговор за “Слободен печат“ вели дека за тоа прво треба да дадат виза лидерите на Вреди, кои за законското решение ќе побараат поддршка и од владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. За еднакви права на експрипадниците на ОНА со тие на бранителите, според Шаќири неформално владините партнери не биле против, со задршка дека за закон со кој ќе бидат опфатени и бранителите и поранешните припадници на ОНА треба да се создаде клима во општеството.

– Го подготвувам законот со кој поранешните припадници на ОНА и нивните семејства треба да имаат исти права како бранителите. Веќе има драфт-верзија на законот на која работи пратеничката група на Вреди. Во неформални разговори со колегите од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ велат дека ова прашање треба да се реши, но дека за тоа во општеството треба да се создаде клима. Добро би било да се направи сеопфатен закон којшто ќе ги опфати оштетените бранители и припадници на ОНА – вели Шаќири.

Целиот текст на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…

ВЛЕН: Македонија станува подобра дестинација за инвестиции

Северна Македонија гради поповолна клима за инвестиции,…

ВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и…

Северна Македонија официјално стана дел од Вертикалниот…

ВЛЕН: Али Ахмети им ја должи вистината…

Прес-конференција на Бесар Дурмиши, ВЛЕН Почитувани, Има…

ДУИ: ВЛЕН со дискриминаторско, незаконско и условено…

Демократската унија за интеграција остро реагира на…