„Вреди ќе се соочи со политички отпор“ – Адеми: Нема да дозволиме РСМ да излезе надвор од патот кон Запад

t

Демократската унија за интеграција како предводник на Европскиот фронт сè уште не открива во каква форма ќе го „демонстрираат нивното незадоволство“, како што најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како одговор на како што велат тие непочитувањето на волјата на Албанците.

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, во Дејли Клик на ТВ21, рече дека е разбирливо дека нема да молчат за политиките на оваа Влада и нема да дозволат како што вели Адеми „државата да излезе надвор од патот кон Запад“.

„Нема да дозволиме Северна Македонија да излезе од патото кон Запад. Доколку има вазали и аргати во Влада кои за да ја зачуваат нивната фотелја, молчат кон овие аномалии, кон овие погрешни политики, кон овие политики кои се штетни за државата, ние нема да молчиме. Најавивме дека ќе имаме и имаме редновни средби со нашите структури“, вели Арбр Адеми.

Но што конкретно се разгледува во партијата?

„Се разгледуваат сите форми и начини на изразување на незадоволството на демократски начин во ДУИ но и во Европскиот фронт на средбите меѓу лидерите. Видовте и вие, одржуваме состанокот, излегуваме со изјава по таа средба, веднаш Мицкоски излегува во одбрана на своите вазали. Дали сте виделе? Овие вазали за греота се во оваа влада. Вели ги делат Албанците, ВРЕДИ се чесните, тие се лојалните“, додава Адеми.

Политички отпор најави и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, дел од Европскиот фронт.

„Во оваа време на антиалбанизам, тие наскоро ќе наидат на силен политички отпор од Албанците. Силниот политички отпор на Албанците значи уништување на оние кои сега се бескорисни, а исто така за иднината се штетни“, вели Мендух Тачи.

Од она што го појасни Адеми во Дејли клик, ДУИ и Европскиот фронт планираат да ги сензибилизираат граѓаните и да ја подигнат колективната свест. За таа цел, првиот чекор ќе биде собирање на сите структури на ДУИ, почнувајќи од локалните совети до претседателот на партијата на 13 јули. Како што појасни, ќе се разгледаат политичките случувања и правците кон кои ќе се стреми ДУИ во блиска иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Тешко е да се замисли дека…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за…

Маж му се заканувал на доктор од…

– Денеска во 04.01 часот во СВР…

Меџити во „Топ тема“: Добро е што…

Ниту ние, ниту јавноста очекува дека ДУИ…

Меџити: Казино бизнисот и Лотарија на Македонија…

Мој фокус во наредните четири години нема…

Хамас обвини: Нетанјаху поставува пречки во преговорите…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поставува пречки на…