ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло, максималната температура до 43 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со минимална температура од 15 до 22 степени и максимална од 30 до 43 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. УВ-индексот ќе биде многу висок и ќе изнесува десет.
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец.
Под влијание на топол бран, од УХМР информираат дека во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ-индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…
Професорот Трајковски: Владата премолчува колку скапо ќе…
Проф. д-р Дејан Трајковски, со објава на…
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…