Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст – само фолк, лажен патриотизам и мижење
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?!
На вашата “патриотска” забава –
Ниту збор за Преспанскиот договор.
Ниту збор за името.
Ниту збор за уставот.
А нели викавте дека ќе го вратите?
Нели ветувавте дека ќе не вратите на „Република Македонија“?
На „ФИРОМ“? На старата лична карта?
До каде сте? Или и тоа беше само лага за избори?
Се колневте во земјава, а денес молчите како да не постоите.
Никој не ве праша ништо, сами се предадовте.
Нема отпор, нема храброст – само фолк, лажен патриотизам и мижење.
⸻
Наместо укинување на „штетните договори“,
НИЗ ГРЛО НА НАРОДОТ СТАВИВТЕ:
Близу 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ –
позајмени во име на сите нас, а без грам корист за обичниот човек.
Што ќе добијат граѓаните од тие милијарди?
Подобро здравство? – НЕ
Подобро образование? – НЕ
Поголеми плати? – НЕ
Безбедни улици? – НЕ
⸻
ВМРО-ДПМНЕ глуми патриотизам како што билет за паркинг глуми сопственост – два часа максимум, па казна.
Само што ви истече времето.
Народот повеќе не ви верува.
И тоа ве плаши.
⸻
ВМРО-ДПМНЕ денес не е партија на народот.
Туку партија на:
молкот,
стравот,
и големото ништо.
Го предадовте идеалот, го издадовте гласот, ја погребавте вистината.
⸻
СРАМ ДА ВИ Е.
Историјата ќе ве памети не како наследници на ВМРО,
туку како луѓе што го избришаа со гума сето она за што некогаш се бореле.
Македонија нема време за лажни патриоти.
Народот нема трпение за измами.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пазарот очекува деескалација со Иран, нафтата поевтинува
На пазарот на нафта понекогаш е доволна…
(Видео) НЛО НАД ТЕХЕРАН: Се појави уште…
Мистериозни светлечки објекти забележани на небото над…
Од опозиција Филипче вели Македонија не е…
Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба…
Денес се слави Мала Богородица – заштитничка…
Денес, на 21 септември, се слави…
МОСКВА И ПЕКИНГ НАПРАВИЈА ГОЛЕМ ПОТЕГ ВО…
Додека вниманието на светската јавност е насочено…