Времеплов: Што се случило на денешен ден во минатото?

t

21 февруари е 52-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 313 денови до крајот на годината.

Настани:

1613 Првиот руски владетел од династијата РомановиМихаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата.
1795 Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1848 Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1916 Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
1925 Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“.
1947 Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала.
1972 Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина.
1986 Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“.
1992 Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
1999 Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.

Родени:

1728 Петар III — руски цар.
1795 Франческо Маноел да Силва — бразилски композитор.
1866 Аугуст фон Васерман — германски бактериолог.
1880 Георги Казепов — македонски револуционер.
1893 Андре Сеговија — шпански гитарист.
1895 Милан Кашанин — српски и југословенски писател, ликовен критичар и историчар на уметноста.
1903 Рејмон Кено — француски писател.
1924 Роберт Габриел Мугабе — зимбабвеански револуционер и политичар.
1925 Сем Пекинпо — американски филмски режисер.
1933 Нина Симон — американска пејачка.
1943 Људмила Улицка — руска писателка.
1949 Џери Харисон — американски рок-музичар, член на групите „Модерн лаверс“ и „Токинг хедс“.
1951 Мухамед Халили — македонски политичар.
1956 Ха Ѓин — кинеско-американски писател.
1960 Стив Вин — американски рок-музичар, член на групата „Дрим синдикејт“.
1967 Лирој Барел — американски атлетичар.
1969 Петра Кронбергер — австриска скијачка.
1974 Иван Кампо — шпански фудбалер.
1980 Џигме Кесар Намѓел Вангчук — крал на Бутан.
1984 Андреас Сепи — италијански тенисер.
1985 Мартин Велитс — словачки велосипедист.
1985 Петер Велитс — словачки велосипедист.
1985 Кристијан Мајер — канадски велосипедист.
1989 Корбин Блу — американски глумец.
1990 Даниел Дидави — германски фудбалер.
1991 Ријад Марез — алжирски фудбалер.
1992 Фил Џонс — англиски фудбалер.

Починале:

1575 Клаудија Валоа — француска принцеза.
1513 Јулиј II — римски папа.
1677 Барух Спиноза — холандски филозоф.
1730 Бенедикт XIII — римски папа.
1965 Малколм Икс — водач на црнечките националисти во САД.
1984 Михаил Шолохов — руски и советски писател.
1991 Маргот Фонтејн — англиска балерина.
2004 Џон Чарлс — велшки фудбалер.
2015 Кларк Тери — американски џез-музичар.

Празници:

Меѓународен ден на мајчиниот јазик (УНЕСКО)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден: Роден е поранешниот македонски…

31 август — 243-иот ден во годината…

Времеплов: Што се случило на денешен ден…

27 март — 86-иот ден во годината…

Времеплов: На денешен ден е родена Валентина…

7 март е 66-иот ден во годината…

На денешен ден низ историјата

1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор…

Времеплов: На денешен ден во 1967 година…

23 февруари е 54-иот ден во годината…