На денешен ден: Роден е поранешниот македонски премиер Никола Груевски, починала принцезата Дијана

t

31 август — 243-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (244-и во престапна година). Остануваат 122 денови до крајот на годината.

Настани:

1942 Втора светска војна: Започна Битката кај Алам ел-Халф, во Египет меѓу силите на Оската и британските сили. Командантот на германско-италијанската армија, генерал Ервин Ромел планираше да ја заобиколи и да ја уништи Осмата британска армија, потоа да ги пренесе комуникациите за Александрија и Каиро и да излезе на Суецкиот Канал. Тој обид му пропадна. Осмата британска армија под команда на генералот Монтгомери ги запре Германците и по Битката кај Алам ел Халф ги принуди на повлекување.

1957 Федерацијата на Малезија се здоби со независност.

1962 Тринидад и Тобаго стана независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.

1983 Во голема сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе загинале 9 лица, меѓу кои и македонската поп пејачка Сашка Петковска и три члена од балетската група Авона.
1992 Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

Родени:

1919 Амрита Притам — индиска писателка.
1928 Џејмс Кобурн — американски глумец.
1937 Васко Ташковски — македонски сликар.
1945 Ван Морисон — северноирски рок-музичар.
1949 Ричард Гир — американски глумец.
1955 Едвин Мозес — американски атлетичар.
1970 Никола Груевски — премиер на Македонија.
1975 Сара Рамирез — мексичко-американска глумица.
1984 Мати Брешел — дански велосипедист.
1984 Тед Лигети — американски скијач.
1988 Давид Оспина — колумбиски фудбалски голман.
1989 Салваторе Пучо — италијански велосипедист.
1991 Морено Хофланд — холандски велосипедист.
1993 Пабло Мари — шпански фудбалер.
1997 Дика Мем — француски ракометар.

Починале:

577 Јован III Схоластик — цариградски патријарх.
1795 Франсоа-Андре Даникан Филидор — француски шахист.
1867 Шарл Бодлер — француски поет.
1930 Владан Ѓорѓевиќ — српски лекар.
1941 Марина Цветаева — руска поетеса.
1963 Жорж Брак — француски сликар.
1973 Џон Форд — американски филмски режисер.
1983 Сашка Петковска – Липша — македонска пејачка на поп-музика.
1986 Хенри Мур — британски вајар.
1997 Дијана — Принцеза од Велс.
2002 Лајонел Хемптон — американски џез-музичар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето-плата во август 36.390 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

На денешен ден: Роден е поранешниот македонски…

31 август — 243-иот ден во годината…

Времеплов: Што се случило на денешен ден…

27 март — 86-иот ден во годината…

Времеплов: На денешен ден е родена Валентина…

7 март е 66-иот ден во годината…

На денешен ден низ историјата

1770.- Умрел италијанскиот виолински виртуоз и композитор…