Објавено на:

Вртоглав пад на вредноста на криптовалутите поради украинската криза

t

Пазарот на криптовалути значително ја намали својата пазарна капитализација во изминативе 24 часа, откако се зголемија тензиите помеѓу Русија и Украина.

Во текот на вчерашниот ден имаше нагорен тренд односно можна стабилизација на крипто пазарот, но по состанокот на рускиот Совет за безбедност и последователно признавањето на независноста на двете украински сепаратистички републики, следуваше нов драстичен пад на вредноста на криптовалутите.

Капитализацијата на пазарот на криптовалути се намали за високи 6,80 проценти во изминатите 24 часа, а според податоците на веб-страницата „Coingecko” моментално изнесува 1,75 трилиони долари.

Биткоинот ја намали вредноста за 4,95% во изминатите 24 часа и моментално се тргува по цена од 37.117 долари.

Етериумот се намали за 6,39% во последните 24 часа и во моментов се тргува по цена од 2.546 долари.

Кај помалите криптовалути падот на вредноста е уште поголем и надминува 10 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилепчанец останал без 3.000 евра, се излажал…

61-годишен прилепчанец бил измамен за сума од…

Растот на криптовалутите пред новогодишните празници, биткоинот…

Вредноста на биткоинот денеска во 15 часот…

МВР предупредува на зголемен број на измами…

Во последниот период се почести се измамите…

Трамп лансираше нова платформа за криптовалути

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на…

Пад на вредноста на криптовалутите денес

Биткоинот падна за 6,12 отсто на 58.346,75…