Врховен суд не дозволи преиспитување на пресудата за шамарите во Центар

t

Врховниот суд го отфрли како недозволено барањето на поранешниот премиер Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд и пресуда на Апелациониот суд Скопје за случајот „Насилство во Општина Центар“.

– Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 во врска со став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека Врховниот суд до Судот доставил решение со Квп2 48/2022 со кое Советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со К.бр. 1904/16 и пресуда на Апелациониот суд Скопје со КЖ 253/21, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…