Врховниот суд со два заклучоци им ги турна предметите на Лиле Стефанова и Вилма Русковска против Камчев и Мијалков
Врховниот суд уште на 7.12.2021 година донел заклучок со кој се вооедначува судската пракса во пониските судови во земјава, констатирајќи дека во постапка согласно Законот за кривична постапка чл.382 кој се однесува на изведување докази и расправа, а со кој забранува користење на службени белешки во доказна постапка. Ова, впрочем веќе е констатирано и со Законот за кривична постапка, кој нестручно се применува во пракса – од какви причини, останува на Судскиот совет да констатира.
„Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 31 и 37 од Деловникот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со примена на член 382 од Законот за кривичната постапка, на седницата одржана на ден 07.12.2021 година, донесе:
З А К Л У Ч О К
Службена белешка не може да се изведува и да се цени како доказ во постапката пред судот.“ – стои во заклучокот на Врховниот суд.
Таков е и примерот со Сашо Мијалков, на кој му беше определен притвор со образложение дека Израел подготвува негово бегство. Вакво тврдење во судско решение не може да биде базирано на сопствено убедување, ако за тоа немале некаква писмена трага, во случајов службена белешка на националната безбедноста агенција – АНБ. Секако, според заклучокот на Врховниот суд користењето на ваква белешка е забрането и судска одлука не може да се заснова на истата.
– Врховниот суд донесе два става кои може да се применат во случајот со Сашо Мијалков кои ги потврдуваат нашите ставови неодамна изнесени во јавност, дека службена белешка не може да биде доказ е првиот став, таа никогаш не била доказ, не треба да биде доказ и најчесто не е земена во предвид како доказ освен во случаите каде што беше определуван притвор за случаите на Сашо Мијалков, објаснува адвокатот Звонко Давидовиќ во изјава за Инфомакс.
Тој потсетува и дека Вилма Русковска погрешно ја водела постапката, земајќи во предвид околност врз основа на која одредила барање за мерка притвор, а била добиена од лични контакти на обвинителката што е апсолутно недозволив доказ, дури и индиција.
– Службена белешка на АНБ, личен контакт или лично сознание на Вилма Русковска е недозовливо и Врховниот суд поради воедначување на праксата, точно имајќи ги во предвид овие злоупотреби на Оснвониот кривичен суд, го преточи ова во став на врховниот суд заради воедначување на таа пракса и посредно им кажа на кривичниот совет и на другите судии дека го кршат законот и дека применуваат нешто што согласно законот не може да биде примението и е незаконито.
Со сличен став е и адвокатот од одбраната на бизнисменот Орце Камчев, кој вели дека Врховниот суд е целосно во право кога носи ваков заклучок, и потсетува дека и без овој заклучок, судскиот совет постапил спротивно на законот кога ја засновал одлуката за притвор врз недозволен доказ како што е службена белешка на АНБ.
– -Непочитувањето на основните човекови права, Врховниот суд само го потврдува со неговиот заклучок донесен на 07.12.2021 година. Законот е многу јасен, праксата на Европскиот суд за човекови права е многу јасна со службена белешка не можете вие да притварате луѓе и да ги лишувате од слобода. Ги кршите основните човекови права. Нашите судови за жал упорно трагаат по својот господар, нивниот господар по наредба извршија одлука која е спротивна со здравиот разум, но спротивна и со Законот за АНБ, Европската конвенција за човекови права и Законот за кривична постапка, вели Менкиновски во изјава за „Инфомакс“.
Давидовиќ дообјаснува дека судот неколкупати ја прекршил обврската да го почитува законот, а тоа го констатира и Врховниот суд во нивната одлука.
– Второ, врховниот суд меѓу редови, кажа и дека и во еднаквоста на оружјата не е до крај запазено за тоа што најчесто, како што беше и минатиот пат, не беше повикана одбараната и обвинетиот воопшто да бидат запознаени со барањето за причините за определување притвор за плацевите на Водно и да се изјаснат. Беше применета исто и на сличен начин, за изралеската служба, не службена белешка туку некои паушални тврдења на обвинителството, други разузнавачки служби.
„Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 08.11.2021 година го утврди следниот заклучок по правните прашања на четирите Апелациони судови Скопје, Битола, Гостивар и Штип за хармонизација на судската пракса:
З А К Л У Ч О К
Советот на второстепениот суд е надлежен да одлучува и за гаранцијата кога е истакната во жалба против решение за продолжување на мерката притвор.“ – стои во вториот заклучок на Врховниот суд донесен на 7.12.2021.
Вториот став на Врховниот суд пак, се однесува на опредлеувањето на оправданоста на гаранцијата, односно, прифаќање на истата во одлучување по жалба против определен притвор. Ова, досега беше различно толкувано, па во правен преседан Основниот суд кој е понизок до Апелациониот незаконски укинува одлука на повисокиот и ја става во сила неговата одлука со што Мијалков беше задржан во притвор, иако Апелациониот веќе ја прифатил неговата гаранција.
– Вториот став се однесува дека апелациониот суд нешто што е нормално и што прозилегува од законот, во жалбената постапка може да решава за дадената гаранцијса која е истакната во жалба, во овој слуќај веќе е прифатена од апелационен, што поради овој став на врховниот, апелациониот да го поништи решението на кривичниот совет на основниот кртивичен суд и да ја освежи својата одлука односно гаранцијата која е испишана а решенијата правосилно.
Според Давидовиќ, овие заклучоци на Врховниот суд се еден вид на опомена за пониските судови кои мораат да ги почитуваат одлуките на највисокиот – Врховен суд.
– Она што го покажуваат двата става е дека врховниот суд ги опоменува на извесен начин и им укажува на незаконито превземени дејствија на основниот кривичен суд и ги упатува да ги применува соодветно законските одредби и онака како се напишани, а не паушално и онака како што сака основниот Кривичен суд, заклучува Давидовиќ.
Адвокатот Тони Менкиновски пак, додава дека за ваквата пракса на пониските судови и обвинителите треба да се има одговорност – и законска, но и кариерна.
– За ова некој треба да одговара, да се ослободат луѓето кои се во притвор. Ваква пракса постоеше и претходно, но лошото е што се повторува. И сега треба некој да одговара, да биде разрешен од судија од обвинител што се послужил со службена белешка. Судијата мора да го познава правото, вели Менкиновски во изјава за Инфомакс.
Тој додава и дека Законите во овој момент се на страна на судиите кои немаат од што да стравуваат бидејќи Законот ги штити нивните одлуки, дури и кога за јавноста звучат нелогично или неправично.
– За жал кај нас судија не може да одговара, дури се избришани одредбите, ако добиете пресуда од Европскиот суд за човекови права не можете да барате да се разреши судијата. Но Републичкиот судски совет може да поведе постапка за несовесно и нестручно работење и судијата треба да одговара со губење на позицијата судија. Треба да се оди и чекор понатака и судиите и обвините освен губење на работниот однос да подлежат и последици за штетата што ја причиниле со нивната работа, констатира Менкиновски во изјава за Инфомакс.
Од Апелациониот и Основниот кривичен суд до овој момент нема одговор за ставовите на Врховниот суд.
А.Митовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден велосипедист: Автомобил удрил во него…
На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР…
Арсовска најави голема акција за пошумување на…
Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…
Нова спасувачка акција на Водно
Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…
Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…
ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…