Петмина турски државјани евакуирани од Водно – се изгубиле кога се стемнило

t

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако се стемнило на Водно, се пронајдени и безбедно евакуирани кон Скопје

По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, кои се изгубиле и не знаеле да се спуштат надолу откако се стемнило, од Секторот за операции и координација на ЦУК се известени дежурните од полицијата, СВР Скопје, кои веднаш тргнале со возило. Притоа, од ЦУК им бил даден и телефонскиот број на пријавителот, турски државјанин, за да се оствари и непосредна комуникација преку „вибер“, согласно потребите.

ЦУК информира дека во 18:10 часот петте лица, турски државјани, се пронајдени и од кај месноста Милениумски Крст на Водно, согласно остварените контакти со СВР Скопје, па се земени со возило на полицијата за безбедно да се евакуираат кон градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска најави голема акција за пошумување на…

Градоначалничката на Град Скопје заедно со екипи…

Нова спасувачка акција на Водно

Денеска, доцна попладне, по известување на Единствениот…

Петмина турски државјани евакуирани од Водно –…

ЦУК: Пет лица, турски државјани, изгубени откако…

Цело семејство евекуирани од Газа вратени во…

Семејството Скаик, после подолго време безбедното евакуирани…

Жичарницата на Водно од денеска со ново…

Жичарницата на Водно од денеска ќе работи…