Вулин ќе ја претставува Србија на самитот на БРИКС во Казањ
Српскиот вицепремиер Александар Вулин најави дека ќе присуствува на самитот на БРИКС што во октомври се одржува во Казањ.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин претходно на самитот го покани својот српски колега Александар Вучиќ.
Самитот на БРИКС ќе се одржи од 22 до 24 октомври годинава во Казањ.
Русија го презеде претседателството со БРИКС на 1 јануари оваа година. Годината започна со прием на нови членови во организацијата – покрај Руската Федерација, Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, сега ги вклучува Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија. Руското претседателство со БРИКС се одржува под мотото за зајакнување на мултилатерализмот за праведен глобален развој и безбедност. Како дел од своето претседавање, Руската Федерација организира повеќе од 200 политички, економски и социјални настани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вулин ќе ја претставува Србија на самитот…
Српскиот вицепремиер Александар Вулин најави дека ќе…
Дачиќ: Србија решително избра да ја зајакне…
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…
Српското МНР на македонски јазик ни го…
Министерството за надворешни работи на Србија и…
Дачиќ во Кина: Благодарност за непризнавањето на…
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…
Лавров: НАТО не е пречка Турција да…
Намерите на турското раководство во однос на…