Вучиќ: Ако воведеме санкции кон Русија утре, задутре ќе бараат од нас да го признаеме Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека доколку Србија утре воведе санкции кон Русија, Европската унија ќе усвои резолуција со која ќе побара Србија да ја признае независноста на Косово.
„Европскиот парламент даде препораки, а не резолуција. И не се работи само за санкции. Во тие препораки на ЕП стои дека мора да го признаеме независно Косово. Народот треба да знае што бара од нас, а што е многу потешко од санкциите е тоа што од нас бараат меѓусебно признавање“, рече Вучиќ.
„Дури и утре да воведеме санкции против Русија, тие ќе не тапкаат по рамо и задутре ќе донесат резолуција дека треба да ја признаеме независноста на Косово, тоа го кажав и сега е потврдено“, нагласи тој.
Во однос на санкциите кон Русија, тој изјави дека Србија може сама да носи одлуки и дека ги разбира потребите на својата земја и нејзините граѓани, додавајќи дека ѝ честитал на Европа бидејќи со санкциите против Москва ги „израдувале своите земји и народи“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…