Вучиќ: Ако треба ќе ангажираме и војска за справување со мигрантите

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност за употреба на војската во областите каде што мигрантите се борат меѓу себе.


„Очигледно е дека не е се во најдобар ред. Ќе го завршиме. Убаво ни е во Белград, каде безбедноста е на особено високо ниво, повисоко отколку во сите европски метрополи. Што да прават луѓето во Хоргош и Кањижа?“, праша претседателот коментирајќи ја денешната престрелка со мигрантите кај Хоргош.


Како што наведе, денеска му рекол на министерот Гашиќ дека тие мора да ги направат работите што треба да ги направат, или да остават некој друг да го прави тоа.
„Им реков да кажат дали се способни или не, дека ако не се, ќе донесам одлука и армијата ќе го реши прашањето за 24 часа и никогаш нема да им падне на памет да се однесуваат така и да ја користат територијата на Србија за вакви конфронтации“, рече Вучиќ.


Како што вели, и други земји ја вовеле војската кога тоа било потребно.
„Мојата порака до граѓаните на северна Србија е дека ќе се погрижиме за ова на овој или оној начин“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…