Вучиќ бара КФОР да ја преземе контролата во Косово!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со амбасадорите на земјите од Квинт – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на делегацијата на Европската унија, при што побара КФОР да се грижи за „ сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“.
Александар Вучиќ објави дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставници на Квинт.
Александар Вучиќ објави дека во еден од најтешките моменти за Србија имал важен разговор со претставници на Квинта.
„Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и Метохија и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додава дека прашал и зошто косовската полиција одбила да му дозволи на ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција, која била спроведена на територијата на северно Косово.
На средбата на Александар Вучиќ со амбасадорите на Квинта и на Европската Унија присуствуваше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
Средбата се одржа во зградата на Претседателствотo.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…