Објавено на:

Вучиќ бил искрен со странците: “Малку сум исплашен”

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со премиерите на Кралството Холандија, Марк Руте и на Големото Војводство Луксембург, Ксавиер Бетел.
Вучиќ на конференција за медиумите по средбата изјави дека имаат различни ставови за Косово, но дека Србија знае што ѝ е работа.


„Ветив дека Србија ќе даде се од себе за зачувување на мирот и стабилноста, никогаш не ја користам приликата да обвинувам некој друг за ништо, бидејќи верувам дека ние како најголеми и најсилни можеме да ги држиме работите под контрола, иако им кажав дека малку сум исплашен, бидејќи никогаш не сум видел таков степен на политичка неодговорност од страна на некои“, рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека Заедницата на српските општини се уште не е формирана.
„Договорот од Брисел што го потпишавме пред повеќе од 10 години сè уште е на сила, а се уште не е имплементиран во неговиот најважен дел, а тоа е формирањето на Заедницата на српските општини, иако тоа беше предуслов за се друго да да се исполни од страна на Србија, можам да кажам дека нема надеж дека наскоро ќе видиме формирање на ЗСО“, истакна Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…