Вучиќ ги повика српските деца во Словенија да си го зачуваат јазикот и да не се откажуваат од својот род
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград, на приемот на децата од српска националност од Словенија, изјави дека „неверојатно е колку луѓе ги бранат боите на Словенија, но тие ја сакаат Србија и српскиот народ и не се откажале од својот род“.
Обраќајќи им се на децата од српска националност од Словенија кои се во посета на Белград по повод Божиќ, Вучиќ рече дека „без разлика дали отишле во Словенија од Зворник или Косово и Метохија, никогаш не се срамеле од своето српско име и презиме“.
„Верувам дека е важно да го зачувате вашиот јазик, да го зачувате вашето српско кирилско писмо, да се грижите за својот народ“, рече Вучиќ.
Тој рече дека „во тешки времиња за човештвото и Европа“ ја повикува „цела Србија на духовно единство“.
„Ќе се молам денес и утре за мир, за живот и опстанок на нашиот народ. Ќе дадеме се од себе нашите деца на Косово и Метохија да имаат мир и да учат во училишта како вас“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека „имаме многу луѓе надвор од границите на нашата земја“, како и дека „тоа станува голема и важна работа за сите нас“.
Редовните ученици на дополнителното училиште на српски јазик од повеќе градови во Словенија му подарија на претседателот Вучиќ слика која самите ја направија, а која претставува „портрет на Србија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…
Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…
Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…