Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените во Кочани

t

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се сретна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство.

Шпела е во работна посета на земјава за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези.

На средбата со Клековски, како што соопшти ФЗОМ, е разговарано за потребите на повредените и кои се можностите. Естетско-функционалните протези се наменети за специфични потреби, се прават скроени по мерки откако ќе заврши процесот на заздравување на кожата. Разговарано е за финансирање од страна на Фондот, за што постојат искуства од Словенија и Хрватска.

Клековски, претходно комуникацил и со изралелската амбасадорка Симона Франкел, здравствените власти, како и докторите кои ги водеа тимовите од Израел за помош на повредените од Кочани, д-р Шахар Шапира од Шиба медицински центар и д-р Омер Марин, директор на „Шер Зедек“ во Ерусалим.

Тој испратил пораки за мир и безбедност, и како што посочуваат од ФЗОМ, тимовите од Израел што помогнаа по трагедијата во Кочани се безбедни, но моментално се ангажирани во третман на повредените од ракетните напади.

– Тие упатуваат поздрави до повредените во Кочани и се посветени дека ќе дојдат да помогнат веднаш штом состојбата се стабилизира. Нивната помош за Кочани никогаш нема да ја заборавиме! Продолжуваме со соработката со експерти за да обезбедиме најдобра здравствена заштита за повредените! #Здравство #Кочани #Солидарност #Поддршка, стои во соопштението од ФЗОМ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпол спроведе голема меѓународна акција: уапсени 65…

Во голема меѓународна операција за гранични проверки,…

Словенија забрани истакнување палестински и ЛГБТ-знамиња на…

Парламентот на Словенија забрани јавните институции да…

Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…

Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…