Објавено на:

Вучиќ го посети училиштето во кое се случи страшниот масакар во Белград

t

Српските медиуми денес објавија фотографија од претседателот Александар Вучиќ како се потпишува во книгата на жалост за загинатите во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, откако еден од лидерите на опозицијата Мики Алексиќ денес изјави дека „не верува“ оти претседателот го посетил училиштето.

Во ова училиште минатиот месец ученик од седмо одделение уби девет соученици и чуварот на училиштето, а поврдеи и други ученици и наставничката по историја.

„ Дали некој во Србија верува дека некаде оди без камера? Не верувам дека беше. Нека покаже што напишал, ако бил. Никој не се појави таму’, изјави денес Алексиќ.

Вучиќ претходно изјави дека отишол во училиштето, се потпишал во книгата на жалост и го видел местото на злосторството и дека тоа го направил без присуство на медиумите бидејќи, како што рече, понекогаш не ја информира јавноста за се.

„Отидов на училиште рано наутро. Мислев дека нема да најдам никој освен директорот, но таму имаше и други луѓе. Го најдов чуварот, неколку учители, се потпишав во книгата на жалост, го видов местото на злосторството и се ужаснав уште повеќе отколку кога слушнав дека тоа се случило“ изјави тогаш Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дачиќ: Убиството очигледно било нарачано, сторителите платиле…

Српскиот министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ…

Брутално убиено момче во Белград, убиецот има…

Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б.…

Москва со суптилно предупредување: Веруваме дека Белград…

Ја забележавме изјавата на српскиот претседател Александар…

Белград доби нов трамвај, ќе пристигнат уште…

Првиот од 25 нови трамвај од турскиот…

(ВИДЕО)Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици…

Ветер, град и обилни дождови во Белград.…