Објавено на:

Вучиќ денеска на средба со Макрон, Шолц, Нехамер, Борел…

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница, што се одржува во Кишињев, каде ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, со германскиот канцелар, Олаф Шолц, и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Како што соопштија од Службата за соработка со медиуми на претседателот на Републиката, предвидени се и низа други средби со лидерите на земјите.

„Планирани се серија состаноци меѓу претседателот на Србија и официјални претставници, меѓу кои претседателот на Република Франција Емануел Макрон, канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц, Федералниот канцелар на Република Австрија Карл Нехамер, премиерот на Чешка Петр Фијала, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, како и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел“, се наведува во соопштението.

Се додава дека за време на Самитот во главниот град на Молдавија, Вучиќ ќе учествува и на Тркалезната маса на европските лидери за енергија и поврзување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…