Вучиќ до Западот: Удрете си го детето по га*от па после барајте ме мене
„Убаво решавајте си ги проблемите со вашето дете, погалете го по глава, удрете го по задникот, што сакате, вашето бебе, вашето дете, и кажете ми кога ќе завршите со работа“, вели претседателот на Србија во неговата порака до Западот упатена денеска за решавање на кризата што се појавува на северот на Косово. Тој наведува дека дијалогот е бесмислен додека „лажните градоначалници“ не поднесат оставки, специјалците не се повлечат од општините и не се ослободат уапсените Срби.
Претседателот на Србија во последниот дел од денешното обраќање зборуваше што можат да направат официјален Белград, но и Србите од Косово во наредниот период, иако е сигурен дека „работата е доведена до крај“.
„Разговарав со очајни претставници на Србите и со луѓе кои сакаат да го зачуваат мирот и не знаат како да го зачуваат“, рече Вучиќ.
Откако директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија најави дека Србите во наредните денови ќе се изјаснат што и како понатаму, претседателот на Србија сега најавува дека „ќе преземат активни чекори“.
Тој прецизира дека Видовдан е важен ден во српската историја и дека тогаш, како што е сосема убеден, Србите „мирно ќе ги преземат чекорите на патот кон својата слобода“ и во согласност со меѓународните правни норми.
Кога станува збор за Србија, тој забележува дека официјален Белград повеќе нема да информира никого, освен НАТО, согласно резолуцијата 1244 Србија и за подигање или спуштање на борбената готовност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…