Вучиќ им се заблагодари на Србите од Македонија: Србија секогаш ќе биде ваша мајка
Србија секогаш ќе биде ваша мајка, а ние сме еден народ кој живее во различни држави. Ова на денешниот собир во Белград го изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ за луѓето кои го поддржаа а доаѓаат од други балкански држави, меѓу кои и од Македонија.
Претседателот Александар Вучиќ посочи дека на Србија ѝ треба единство, заедништво и обединување повеќе од кога било. Тој нагласи дека ова е последната вечер на која ќе зборува како претседател на Српската напредна странка и рече дека е за дијалог и разговор, но дека нема да има преодна влада.
„Не постои нешто друго полошо од омраза. Овој голем собир денеска не е против никој. Ниту едно име не споменавме, ние се собравме од љубов, поради љубовта кој Србија кон нашата татковина, бидејќи друга татковина немаме. Една единствена. И да се заблагодарам на сите вас кои дојдовте од Република Српска, Црна Гора, Македонија, Хрватска и сите краеви од поранешните ЈУ простори. Да ви се заблагодарам што толку ја сакате Србија, бидејќи иако живееме во одделни држави, Србија е секогаш ваша мајка и тоа така ќе биде, а наша работа е да никогаш не заборавиме дека сме еден народ и дека тоа никој нема да може да го промени. Ви благодарам луѓе на големата поддршка. Ви благодарам за љубовта. И јас ве сакам, да се борите и да се бориме заедно, бидејќи пред нас е најтешкиот период за борба“, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ во својот говор вечерва во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…
Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…