Вучиќ: Македонија и Србија никогаш не биле поблиски – Немаме нерешени прашања

t

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го отвори Самитот „Отворен Балкан”, каде што учествуваат премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на претседателството на БиХ, Тегелтија и премиерот на Црна Гора, Абазовиќ.

-Задоволен сум од тоа како се развива иницијативата Отворен Балкан.На саемот на храна и вино се отвараат поголеми перспективи за соработка, а за на партнерите во Отворен Балкан, Ковачевски и Рама, Србија е втор дом, рече Вучиќ.

Тој ги повика политичарите од власта и опозицијата да дадат поддршка за оваа иницијатива.

-Србија, С.Македонија, Албанија покажаа дека една важна манифестација може да ја организираат на светско ниво, кажа Вучиќ.

Тој надополни дека се гордее за блискиот однос со Македонија.

-Со С.Македонија и кога имавме извесни пробелми секогаш бевме блиски, денеска сме најблиски бидејќи немаме ниту едно отворено прашање.Се гордеам што имаме најдобри односи во историјата меѓу Белгард и Скопје, кажа српскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…