Објавено на:

Вучиќ најави обраќање до јавноста во 11 часот

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ во 11 часот ќе им се обрати на граѓаните на Србија и ќе го покаже и објасни планот.

По средбата во Охрид, Вучиќ рече дека се договорени неколку точки од планот за имплементација:

„Денес беше денот кога требаше да се договориме за планот за имплементација. Она што е важно да се каже е дека овие неколку точки за кои се договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка. Една од клучните точки е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој ќе се прошири. Формирањето на ЗСО беше поставено како приоритетна обврска. Морам да кажам дека сум навистина задоволен од тоа. Се уште се зборува за исчезнати лица, за донаторски конференции. Планот секако ќе треба да се надгради“, изјави Вучиќ.

„Ова е сериозен и одговорен процес и нешто што трае 150 години не може да се заврши во еден ден“, рече претседателот.

„Утре ќе ја презентирам секоја точка, од понеделник ќе бидам подготвен да примам претставници на парламентот на консултации, во месеците што следат тоа не е лесна задача. Верувам дека приштинската страна веднаш ќе ја исполни обврската за формирање на ЗСО, ако сакаме да истраеме на патот кон ЕУ за наш напредок, тоа ќе биде ценето и по тоа колку сме подготвени да го спроведеме договорот – рече Вучиќ.
„Мислам дека ако е можно да кажете дека имате зрно задоволство, можам да кажам дека имам зрно задоволство, имавме пристоен и конструктивен разговор, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…