Вучиќ најави предвремени избори во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото извинување до демонстрантите било искрено и дека не било израз на страв, туку на желба да се смири општествената атмосфера и да се врати дијалогот.

-Моето извинување беше искрено, не затоа што сакам да се додворавам или затоа што се плашам, туку затоа што сакам да ја сменам климата во општеството – изјави Вучиќ при обиколка на градилиштето на Националниот стадион во рамки на EXPO проектот.

Тој додаде дека понекогаш реагирал емотивно на „ирационални навреди“, но дека знае да признае грешка, „за разлика од политичките противници“.

-Мојата рака е подадена кон сите што мислат поинаку. Јас сум претседател на сите граѓани – нагласи Вучиќ.

Во врска со најавите за политичките промени, тој потврди дека ќе „излезе во пресрет на блокадерите“, најавувајќи дека парламентарните избори ќе бидат одржани пред редовниот рок, а точниот датум ќе го утврдат надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ најави предвремени избори во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…

Граѓаните велат 160.000, според МВР во Нови…

Министерството за внатрешни работи на Србија објави…

Само Унгарија не се приклучи кон сочувството…

По повод првата годишнина од уривањето на…

Годишнина од трагедијата во Србија – Вучиќ:…

Како претседател, но и како граѓанин на…

Светските медиуми за собирот во Нови Сад:…

Светските медиуми како што се „Ле Монд“…