Вучиќ најави предвремени избори во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото извинување до демонстрантите било искрено и дека не било израз на страв, туку на желба да се смири општествената атмосфера и да се врати дијалогот.
-Моето извинување беше искрено, не затоа што сакам да се додворавам или затоа што се плашам, туку затоа што сакам да ја сменам климата во општеството – изјави Вучиќ при обиколка на градилиштето на Националниот стадион во рамки на EXPO проектот.
Тој додаде дека понекогаш реагирал емотивно на „ирационални навреди“, но дека знае да признае грешка, „за разлика од политичките противници“.
-Мојата рака е подадена кон сите што мислат поинаку. Јас сум претседател на сите граѓани – нагласи Вучиќ.
Во врска со најавите за политичките промени, тој потврди дека ќе „излезе во пресрет на блокадерите“, најавувајќи дека парламентарните избори ќе бидат одржани пред редовниот рок, а точниот датум ќе го утврдат надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…