Вучиќ најави уште по 100 евра помош за младите

t

Вучиќ вечерва во гостувањето во емисијата „Ќирилица“ на Хепи телевизија зборуваше за повеќе теми важни за Србија. Вучиќ започнал со приказна за неговата неодамнешна загуба, смртта на неговата поранешна сопруга Ксенија.
„Трагедијата е што почина млад човек од 55 години. На децата секако им е тешко. Милица се врати на студии, таму е сама, па грижата е поголема, но силна. Кој може лесно да поднесе мајчина смрт? И кога мајката има 90 години, мајка е мајка.”..
„Милица има 19 години, Данило е постар, но за мене тој е дете. Никогаш нема да биде во ред, но ќе биде во смисла на нивната сила и нивната волја за борба“.
„Сакам да им се заблагодарам на сите што изразија сочувство.“
Вучиќ откри дека штотуку ја завршил средбата со премиерката Брнабиќ и министерот Мали.
„Или во мај или до Видовдан, сите млади во Србија ќе добијат уште 100 евра. Тоа нема да биде пред избори. Луѓето знаат дека кога го кажувам тоа, тоа се случува.Како што поттикнуваме дополнителни инвестиции, поттикнуваме и дополнително трошење.“
„Преговараме за 92 инвестиции, со вкупна вредност од 7,3 милијарди евра, што е над 35.000 нови вработувања, рече Вучиќ пренесува српски Курир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…

Целта на Пекинг е да ги најави…